МОМЧЕ И МАЛОЛЕТНИЧКА ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ Од парк во Гази Баба завршиле во Клинички

7,510

Во 03 часот по полноќ било пријавено дека во Скопје, на улица 16 Македонска бригада, на влез-излез од парк-шума Гази Баба, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(23) од Скопје, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
 

Поврзани содржини