ХЕРОИНОТ МОЖЕ ВОДА ДА Ѝ НОСИ Нов вид силна синтетичка дрога ѝ се заканува на Европа
Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е причина за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.
Европската Унија мора да се подготви за нагло зголемување на синтетичката дрога фентанил, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон за Политико.
Ова е реакција на предупредувањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Европа или сѐ уште не открила проблем со синтетичките дроги или наскоро ќе открие.
Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е причина за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.
На настан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации за заканите по здравјето и безбедноста од синтетичките дроги, американскиот претседател Џо Бајден ги повика сојузниците сериозно да ги сфатат заканите од фентанил, рече Јохансон.
– Тоа е проблем што го имате, само што сè уште не го знаете тоа или е проблем што ќе го имате наскоро – ѝ рекол Блинкен на Јохансон во разговор за синтетичките дроги.