НОВАТА ШАНСА ЗА ЖИВОТ НА ДАЛЕЧНА ПЛАНЕТА Ако го има, ќе „смрди“ на море, односно на диметил сулфид!

Диметил сулфидот е позната и смрдлива хемикалија, која се произведува на пример кога се готви зелка, цвекло и морска храна. Ја произведува и фитопланктонот во морињата. Всушност, диметил сулфидот често се нарекува „мирис на морето“. Ако некогаш сте се прошетале покрај некој карпест брег за време на плима, добро го знаете мирисот.

553

Новото откритие на вселенскиот телескоп Џејмс Веб откри можни навестувања за молекула која, барем на Земјата, е поврзана со живот, објави НАСА. Како што е случај со ваквите откритија, потребни се повеќе набљудувања за валидација. Но, макар и што откритието не е потврдено, податоците служат за потврда на извонредната моќ на вселенскиот телескоп Џејмс Веб и ветуваат дека ќе ја поттикнат нашата потрага по живот на другите светови.

Молекулата е најдена на планета оддалечена на 120 светлосни години од соѕвездието лав, значи нмногу, многу далеку од нашиот Сончев систем. Телескопот го снимал спектарот на елементи кои можеби ги има оваа планета наречена К2-18б, пишува БигТинк.






Ја викаат и „поднептун“, бидејќи има маса помала од Нептун, но речиси 9 пати поголема од Земјата. Всушност, научниците малку знаат и за Нептун и за ваквиот тип светови. А, како за беља, повеќето од планетите кои ги откриваме надвор од Сончевиот систем се од овој тип.

Ако е точно, живот има на многу, многу повеќе планети!

Но, истовремено тука лежи добрата вест – ако навистина има живот, или барем услови за живот на К2-18б тоа значи дека животот го има многу повеќе во нашето вселенско маало. Дека го има во најчестиот тип на егзопланети кои орбитираат далеку од својата Ѕвезда, а не во првите редови, како што, нашата Земја кружи трета околу Сонцето.

Цвекло, зелка, морска храна, смрдеа

Се смета дека К2-18б може да има вода на површината. Дури можна е и биолошка активност!
Главните соединенија што се истакнуваат во спектарот се метанот, јаглерод диоксидот и – најинтересното – диметил сулфид, соединение кое (барем на Земјата) се произведува само од животот.

Тоа е позната и смрдлива хемикалија, која се произведува на пример кога се готви зелка, цвекло и морска храна. Ја произведува и фитопланктонот во морињата. Всушност, диметил сулфидот често се нарекува „мирис на морето“. Ако некогаш сте се прошетале покрај некој карпест брег за време на плима, добро го знаете мирисот.

Над 900 сончеви системи можеби имаат живот

Тоа е главната хемикалија којашто, на пример, испарува од тартуфите, којашто свињите и кучињата ја користат за откривање на вкусните (и многу скапи) габи. Животот е често смрдлив, вклучувајќи ги и добрите работи. Атмосферата на оваа планета веројатно е богата со водород.

До денеска, научниците потврдиле постоење на 5.514 егзопланети во 4.107 планетарни системи, при што 928 системи имаат повеќе од една планета. Всушност, четвртина од ѕвездите се домаќини на планетарни системи кои содржат две или повеќе планети и, сосема веројатно, со месечини кои кружат околу нив.

Поврзани содржини