ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СОЗДАДАТ ЗДРАВА И ЕДУЦИРАНА МЛАДИНА Аеродром реализира нови инвестиции во инфраструктурата за образование и социјална заштита

Од Општината велат дека преку инвестициите во инфраструктурата поврзана со воспитно-образовниот процес, се креираат подобри услови за растење, развој и образованието на младите од Аеродром.

54

Пред почетокот на учебната година, Општина Аеродром заврши со реконструкција на внатрешноста на основното училиште „Браќа Миладиновци“, додека во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата на детската градинка „Пчелка 2“.

Станува збор за инвестиции кои се целосно финансирани од буџетот на Општината и проекти изведени согласно највисоките стандарди.






„Во следниот период започнува и реконструкцијата на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче. Со ова, завршува уште еден инвестициски циклус кој се реализира во текот на 2023 година, а кој вклучуваше низа проекти реализирани и поврзани со инфраструктурата и воспитно-образовниот процес“, информираат од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека преку инвестициите во инфраструктурата поврзана со воспитно-образовниот процес, се креираат подобри услови за растење, развој и образованието на младите од Аеродром.

„Младите се иднината на општината, а ова се проекти со кои даваме поддршка кон создавање здрава и едуцирана младина“, велат од општината.

Поврзани содржини