СЛОВЕНЦИ ЌЕ ГО ЧИСТАТ ЃУБРЕТО ВО ТЕТОВО Фирма од Мурска Собота ќе ја полни депонијата Русино

Општината најпрво направи физибилити студија за оправданоста на јавно-приватно партнерство, а потоа спроведе тендер на кој е избрана фирма од Словенија, а Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општината, јавува порталот Сакам да кажам.

207

Општина Тетово потпиша договор за јавно-приватно партнерство со фирма од Словенија за собирање и депонирање на комуналниот смет од градот.

Општината најпрво направи физибилити студија за оправданоста на јавно-приватно партнерство, а потоа спроведе тендер на кој е избрана фирма од Словенија, а Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Општината, јавува порталот Сакам да кажам.






– За најповолен понудувач се избра компанијата „Саубермахр Словенија, услуги за заштитна животна средина“ со седиште во Мурска Собота. Предмет на договорот е воспоставување на јавно-приватно партнерство за собирање и депонирање на комунален отпад на цела територија на Општина Тетово до депонија Русино кое се остварува како јавна набавка. Целите што треба да се постигнат со доделување на договорот за јавното приватно партнерство е интегриран систем за управување со отпад кој ќе биде ефикасен во однос на отстранување на целиот отпад, намалување на количините и да се отстранат опасностите по животната средина – изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Поврзани содржини