БОЈАН МАРОВИЌ КОЛАБИРАЛ НА СЦЕНА Пејачот итно бил префрлен во болница
На пејачот му се слошило, поради што завршил во болница само час и половина пред концертот што требало да го одржи во Петровац.
Бојан Маровиќ летово го помина работејќи, а за тоа говори и фактот дека тоа му се одразило на здравјето. На пејачот му се слошило, поради што завршил во болница само час и половина пред концертот што требало да го одржи во Петровац.
Како што се наведува, тој колабирал во текот на генералната проба, а поради брзата реакција на неговите колеги од бендот, веднаш бил пренесен во болница.
„Сè е во ред. Можев и полошо да поминам. Изморен сум, бидејќи ова лето ми е преполно со настапи. Речиси постојано сум или на сцена или во автомобил. Но, сега сум добро. Благодарение на лекарите успеав да го одржам концертот и морам да им се заблагодарам во оваа прилика. Не е ништо страшно, само мора да одморам, па нема место за грижа и паника“, изјавил пејачот, пишува српски „Курир“.
Лекарите го советувале Бојан да го откаже концертот, но тој одбил. Тој излегол на сцената, а бројната публика, која вечерта била на концертот, не можела да претпостави каква драма се одиграла со Маровиќ претходно истиот ден.
По препорака на лекарите, Бојан зел неколку слободни денови, а веќе деновиве го чека враќањето во Србија каде во студио ќе продолжи да работи на нови песни, а потоа и концерти во Македонија и Црна Гора.
ФОТО: Инстаграм