(ВИДЕО) ФЕМИНИСТКИТЕ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСИЗАМ Принцот Вилијам објави видео со принцезата Шарлот
Британската феминистичка организација МФВ (MFW) го обвини принцот Вилијам за сексистички ставови, пишуваат британските медиуми.
Британската феминистичка организација МФВ (MFW) го обвини принцот Вилијам за сексистички ставови, пишуваат британските медиуми.
Обвинувањата дојдоа откако престолонаследникот објави видео на социјалните мрежи во кое и посакува среќа на женската фудбалска репрезентација на Велика Британија во последниот натпревар на Светското првенство за жени, што се одржа меѓу јули и август оваа година. Покрај Вилијам, МФВ го обвини и Дејвид Бекам дека ги споделува неговите сексистички ставови откако објави многу слично видео.
View this post on Instagram
Организацијата МФВ тврди дека пораката на принцот во спорното видео, а во него се појавува и неговата ќерка принцезата Шарлот, била отворено сексистичка, што се чини дека била пресвртна точка за обвинението. МФВ го праша принцот зошто ја вклучил само својата ќерка во видеото, а не и своите два сина, сугерирајќи дека ја вклучил само затоа што можеби мисли дека „момчињата не можат да имаат женски примери“.
Изјавата во која се обвинуваат принцот и Бекам беше прилично кратка, но сепак, предизвика полемики во медиумите. Дел од јавноста ја нападна организацијата, обвинувајќи ја МФВ дека се екстремисти и ја преувеличуваат ситуацијата.
View this post on Instagram
Од МФВ рекле дека објавите на Вилијам и Бекам на социјалните мрежи вклучувале „сексистичка микроагресија“ и дека им е преку глава од „пристрасноста и недостатокот на вистина во повеќето мејнстрим медиуми“. Ниту Вилијам ниту Бекам сè уште не ги коментирале наводите, а МФВ сега ги избриша своите објави на социјалните мрежи во врска со ситуацијата.
ФОТО: Инстаграм