📷 НАЈНОВОТО НАУЧНО ОТКРИТИЕ ПРЕМНОГУ ЛИЧИ НА ЈИН-ЈАНГ! Вака изгледаат фотоните кои комунициират побрзо од светлината
За да го добијат овој „јин-јанг“ научниците морале да ја реконструираат 3Д-сликата на брановата функција. Ова треба да се направи од повеќе парчиња. Во училиште ни кажуваа дека брановите се како сплескани линии, на пример синусоиди. Но, во реалноста тие се тридимензионални.
Истражувачите од Универзитетот во Отава, во соработка со Данило Зија и Фабио Скиарино од Универзитетот Сапиенца во Рим, неодамна демонстрираа нова техника која овозможува визуелизација на брановата функција на два заплеткани фотони, елементарните честички што ја сочинуваат светлината, во реално време, пишува Физика.
А сликата на оваа бранова функција премногу личи на јин-јанг, древниот симбол од Истокот. Кај јинг-јангот заплетканите сили на доброто и лошото, на женското и машкото дејствуваат заедно како едно исто тело, една иста реалност иако навидум се различни.
Слично на ова, се чини е и заплеткувањето на честичките во природата. Само што може да се случи и на два краја од универзумот. Ова заплеткување кое е една од најголемите мистерии во физиката воопшто познатиот Ајнштајн го нарекувал „мистериозна дејноста на далечина“ бидејќи фотоните некако успевале да комуницираат побрзо од самата брзина на светлина, што не му се допаѓало.
Во денешната сфера на квантната физика ова заплеткување се поврзува со мали црвји дупки преку кои информацијата може да патува побрзо од светлината. Сепак, со ова не е скршена теоријата на релативитет на Ајнштајн, бидејќи она што патува не е честичка, ниту некаква енергија, туку само информација – што пак, го отвора прашањето за тоа дали во оној „црн простор“ на црните, односно црвји дупки има нешто кое ги крши законите на физиката.
Во модерната култура пак, заплеткувањето на два фотони се претставува како „љубов“ меѓу честичките. Откако ќе искомуницираат двете честички тие најчесто имаат иста ориентација на својот спин. Ова, на пример, кај квантните компјутери, овозможува компјутерот да дојде до вистинскиот резултат. Претходно, квантните „единици и нули“ нудат повеќе решенија за еден ист проблем, но тие го бираат она решение во кое сите заедно резонираат, односно се вплеткани.
Дали ова личи на јин-јанг, симбол чија поента е дека „во секое добро има зло“ и дека поентата лежи во балансот меѓу црното и белото? Останува да видиме што ќе открие науката.
Д-р Алесио Д’Ерико, постдокторски соработник на Универзитетот во Отава и еден од коавторите на трудот, ги истакна огромните предности на овој иновативен пристап.
– Овој метод е експоненцијално побрз од претходните техники, барајќи само минути или секунди. наместо денови. Важно е дека времето на откривање не е под влијание на сложеноста на системот – решение за долгогодишниот предизвик за приспособливост во проективната томографија.
За да го добијат овој „јин-јанг“ научниците морале да ја реконструираат 3Д-сликата на брановата функција. Ова треба да се направи од повеќе парчиња.
Методот се вика дигитална холографија. Се снимаат повеќе снимки од расеана светлина од објектот која била расеана со помош на друга светлина. Оваа слика се нарекува интерферограм.
При спојувањето на интерферограмите се добива 3Д-сликата, односно холограм на брановата функција.
Во училиште ни кажуваа дека брановите се како сплескани линии, на пример синусоиди. Но, во реалноста тие се тридимензионални.
Потенцијалот на ваквото „квантно фотографирање“ кое се случува во секоја наносекунда е огромен, особено за развојот на квантната физика, но и квантните компјутери.
Студијата „Интерферометриско сликање на амплитудата и фазата на просторните бифотонски состојби“ беше објавена во Nature Photonics.
Меѓу другото, заплеткувањето се појавува и во природата, во феномени околу нас. На пример, кај фотосинтезата во листовите на растенијата. Едно вакво откритие го поттикна развојот на она што научниците го крстија „квантна биологија“.
Плусинфо веќе пишуваше на оваа тема.