Меган и Хари првпат во јавност во Лондон по бегството во Канада ФОТО+ВИДЕО
Хари носел тегет костум и бела кошула, додека Меган за оваа прилика избрала тиркизен тесен фустан со потпис на Викторија Бекам.
Славната двојка се појавила на доделувањето на наградите „Ендевор“, признание за ранетите, повредените и заболените припадници на војската кои во изминатата година оствариле големи успеси на полето на спортот и авантуризмот.
Сите очи биле вперени во Хари (36) и Меган (38), на кои ова им е прво појавување на некој јавен настан во Британија откако објавија дека го напуштаат кралското семејство.
Хари носел тегет костум и бела кошула, додека Меган за оваа прилика избрала тесен тиркизен фустан со потпис на Викторија Бекам.
Нивниот син Арчи не дојде во Лондон, од безбедносни причини поради коронавирусот.
Тие од идниот месец повеќе нема да можат да ја користи етикетата Сасекс Ројал, соопшти портпаролката на двојката, која официјално започнува нов живот независен од британското кралско семејство на крајот на март.
Британските медиуми масовно известуваат за доѓањето на двојката која, очекувано, предизвика огромен интерес и на момент го скрена вниманието на јавноста од коронавирусот кој во Британија ја однесе првата жртва.
FOTO: Printskrin/Instagram
View this post on Instagram
They’re back! The Sussexes have just arrived for the Endeavour Fund Awards ?? LINK IN BIO for story.