(ВИДЕО) СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА МОСКВА Експлодирала фабрика што произведува опрема за руската војска, загинале најмалку 8 лица

Засега сѐ уште нема ни официјални податоци што ја предизвикало експлозијата и дали таа е поврзана со нападите на Москва со беспилотни летала.

714

Силна експлозија одекна во фабриката во Сергејев Посад во близина на Москва. Според извештаите, експлозијата се случила во оптичко-механичката фабрика во Сергејев Посад во близина на Москва.

Првичните информации покажуваат дека во експлозијата има најмалку 8 загинати и 38 повредени, иако спасувачките операции продолжуваат. Фабриката произведува прецизна оптичка опрема за руската војска, па затоа, веројатно е дека безбедноста ќе остане засилена во областа. Во тек е евакуација на работниците.






Засега сѐ уште нема ни официјални податоци што ја предизвикало експлозијата и дали таа е поврзана со нападите на Москва со беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва, соопшти дека рано утрово, руската противвоздушна одбрана соборила два борбени беспилотни летала кои се упатиле кон Москва.

„Потврден е обид на две борбени беспилотни летала да упаднат во градот. Двете летача беа соборени од противвоздушна одбрана. Едниот во близина на Домодедово (јужно од Москва), другиот во близина на автопатот за Минск, западно од Москва“, напиша Сергеј Собјанин на Телеграм, без да се прецизира кој е одговорен за нападот.

Поврзани содржини