ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА ГОЛТААТ И ЛУЃЕ Пронајдени се две јагленосани тела

Според грчките медиуми, станува збор за жртви во големиот пожар активен од попладнево во регионот Магнисија.

235

На две различни локации во грчката област Магнисија, вечерва, во два одделни случаи беа пронајдени јагленосани тела на еден маж и една жена, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за жртви во големиот пожар активен од попладнево во регионот Магнисија.






За пронајдените тела информираа од противпожарната служба на Грција.

Поврзани содржини