АРСОВСКА ГИ КАЗНИ МУЦУНСКИ И АЕРОДРОМ СО 88.000 ЕВРА Ги обвини дека создале дива депонија

По евентуалното добивање на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции.

419

Инспекторатот за животна средина им изрече парична казна за општина Аеродром и на градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните.

„Општина Аеродром преку компанијата Пирамид Билдинг ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП Дрисла го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на булеварот АСНОМ со што направиле нова дива депонија“, соопшти Градот.






Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, од Градот велат дека против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

 

Поврзани содржини