ДО ОКТОМВРИ НЕMA РАТИФИКАЦИЈА ЗА ШВЕДСКА Ердоган вели дека турските пратеници се на одмор два месеци
Говорејќи пред новинарите во Вилнус по Самитот на НАТО, Ердоган рече дека пратениците се на одмор два месеци, по што „има многу (други) предлог закони за дискусија“.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека турскиот Парламент најмалку до октомври нема да ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Говорејќи пред новинарите во Вилнус по Самитот на НАТО, Ердоган рече дека пратениците се на одмор два месеци, по што „има многу (други) предлог закони за дискусија“.
Турција изненадувачки оваа недела по повеќемесечно противење се согласи Шведска да се приклучи на воената алијанса.