ДРАГА ДАНЕЛА, ЗА ТЕБЕ СУМ, БЛАГО РЕЧЕНО, БЛАЖЕ КОНЕСКИ Градоначалникот на Кисела Вода ѝ одговори на Данела, таа го избриша од Фејсбук

И вака да ти испратам порака - никогаш, ама баш никогаш нема да си дозволам да навредам некој со зборови кои ги користиш ти, напишал Орце Ѓорѓиевски во коментарот, а градоначалничката Данела Арсовска го избришала и го блокирала.

2,772

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ѝ одговори на обвинувањата на скопската градоначалничка Данела Арсовска во коментар на нејзина објава на социјалната мрежа на Фејсбук, при што Арсовска истиoт го избриша, а исто така и го блокирала.

„Драга Данела, во однос на писменоста и познавањето на работата поврзана со градоначалничката функција, јас за тебе сум благоречено „Блаже Конески“, пишува Ѓорѓиевски во својот коментар оставен како реакција на Фејсбук објавата на градоначалничката Арсовска.






„Инаку ти понудив моја помош да научиш повеќе за своите ингеренции, ама најлошо е кога човек мисли дека знае сѐ. Самата знаеш дека никогаш не се кријам зад институции и дека секогаш застанува зад моите граѓани.

И вака да ти испратам порака – никогаш, ама баш никогаш нема да си дозволам да навредам некој со зборови кои ги користиш ти.

Да задржиме ниво на комуникација достојно за граѓаните на Скопје.

П.С. Се надевам нема да го избришеш коментаров“, напишал градоначалникот на Кисела Вода на Фејсбук.

 

Поврзани содржини