НЕ ПРАВЕТЕ ХЕРОИ ОД МЕНЕ И ОД ПУТИН, ИЗГУБИВМЕ КОНТРОЛА! Лукашенко призна дека глобалниот конфликт никогаш не бил толку близу

Реков, во никој случај не правете херој од мене, ниту од Путин, ниту од Пригожин, бидејќи ја изгубивме контролата врз ситуацијата, а потоа мислевме дека таа ќе се реши сама од себе, но таа не се реши сама од себе, изјави Лукашенко.

1,986

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во врска со неодамнешните настани во Русија, никој не треба да се смета за херој, вклучително и тој и рускиот претседател Владимир Путин.

– Реков, во никој случај не правете херој од мене, ниту од Путин, ниту од Пригожин, бидејќи ја изгубивме контролата врз ситуацијата, а потоа мислевме дека таа ќе се реши сама од себе, но таа не се реши сама од себе. И се судрија двајцата кои се бореа на фронтот. Нема херои во такви случаи – искоментира Лукашенко.






Тој рече и дека заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска, а ситуацијата во регионот се обидува да се разреши на сите можни начини, пренесе Тасс.

– Заканата од нов глобален конфликт никогаш не била толку блиска како што е денеска. Уште еднаш се обидуваат да ја минираат нашата земја, целиот наш регион, да ги дезориентираат луѓето. Тие на секој начин се обидуваат да ја разгорат ситуацијата и да ги наметнат своите правила, да го воспоставиме нивниот поредок. Поредок во кој нема да ги има ниту нашите земји, ниту нашите народи – рече белорускиот претседател на церемонијата на именување на нови генерали во безбедносните сили.

Поврзани содржини