Фудбалерите на Манчестер сити за првпат во историјата станаа шампиони на Европа, откако во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул вечерва го совладаа Интер со резултат 1:0.
Тимот на Пеп Гвардиола на тој начин ја комплетираше „тројката“ оваа сезона, откако претходно го освои ФА Купот и Премиер лигата.
Победникот го реши Шпанецот Родри кој во 68. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
Манчестер сити без пораз ја завршува сезоната во елитното натпреварувања и стана шестиот англиски тим кој ја освоил Лигата на шампионите. Претходно на главниот европски турнир победи забележаа Манчестер јунајтед, Ливерпул, Нотингем Форест, Астон Вила и Челзи.
Интер остана на трите титули од минатото, а италијанските екипи без трофеј во евро-куповите за сезоната 2022/23 и покрај учествата во трите финалиња (Рома во Лига Европа, Фиорентина во Конференциската лига).