БРАТСКИ ОТСТАПУВАМЕ ПОЛА МИНИСТЕРСТВА Ковачевски сфатил дека ВМРО-ДПМНЕ сака да е во владата

2,465

Сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата – прво да го отвориме Уставот со две третини, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера, истакна премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“

 

Тој неколкупати повтори дека ВМРО-ДПМНЕ го променила ставот за уставните измени, но и дека се прифатени сите нивни барања. Затоа, вели премиерот, владејачкиот СДСМ братски ѝ отстапува пет министерски места на опозицијата.






– Сите можевме да се увериме дека после средбата, во изјава дадена за медиумите, ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои значат вклучување на делови од народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на делови од бугарскиот народ. И тоа е промена на позицијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја имаше. Второ, гледајќи го дискурсот на ВМРО-ДПМНЕ, сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел од процесот и сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата – прво да го отвориме Уставот со две третини, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера – кажа премиерот.

Премиерот смета дека со овие одлуки ќе се овозможи земјата да го продолжи европскиот пат.

– ВМРО-ДПМНЕ го смени ставот и дури со оглед на тоа дека процедурата го овозможува тоа, уставните промени што ќе се направат да важат од моментот на одржување на втората меѓувладина седница – истакна премиерот.

Прашан за разликата во ставовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, од каде бараат уставните измени да важат одложено – од приемот на земјава во ЕУ, и ДУИ – од каде велат дека се подготвени да не бидат дел од владата откако ќе се изгласаат и ќе стапат на сила уставните измени, премиерот одговори дека најголемата разлика ја гледа во промената на реториката во ВМРО-ДПМНЕ во однос на „бугаризацијата“.

– Прво, најголема разлика беше, која веќе не постои, обвинувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитетот и така натаму на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. Цела година, од почетокот на усвојувањето на францускиот предлог, беше таа реторика, за после лидерската средба сите да се уверат дека тоа веќе е променет став кој е јавно искажан и уште еднаш на телевизиско интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со што веќе не постои, според ВМРО-ДПМНЕ, а никогаш не ни постоела таа опасност – рече Ковачевски.

Поврзани содржини