(ВИДЕО) МОТОРНИ ПИЛИ ГО ПОТРЕСОА ГРАДСКИОТ ПАРК Утрово масакрирани здрави дрвја во Скопје

Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на паркот - соопшти ЈП Паркови и зеленила.

4,043

Утрово во Градски парк биле исечени неколку здрави дрвја, објави „24инфо.мк“, иако за какви дрвја станува збор не може најдобро да се забележи од видеото.

ЈП Паркови и зеленило соопшти дека нивниот Сектор дрвореди деновиве ги отстранува сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк.






„Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на паркот.

Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација. Акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела“ – објасни ЈП Паркови и зеленила.

 

 

Поврзани содржини