50 ПОВРЕДЕНИ И НАД 300 ЕВАКУИРАНИ Се запали воз во тунел во Австрија
Полицијата соопшти дека околу 50 лица биле полесно повредени или настрадале од вдишување чад, јавуваат австриските медиуми, пренесува АП.
Неколку стотини патници морале да бидат евакуирани од воз кој се запалил во тунел во австриската провинција Тирол, при што педесетина биле повредени.
Службите за итни случаи соопштија дека доцна синоќа морале да бидат евакуирани 370 патници од воз кој во текот на ноќта патувал од Инсбрук до Амстердам и Хамбург.
Полицијата соопшти дека околу 50 лица биле полесно повредени или настрадале од вдишување чад, јавуваат австриските медиуми, пренесува АП.
Железничкиот оператор ОеББ соопшти дека оштетувањето на надземните водови било пријавено околу 20 часот и 40 минути и дека најверојатно се запалил вагон во товарен вагон кој бил дел од возот.
Во соопштението се наведува дека пожарот бил изгаснат до 22:20 часот, во кој учествувале околу 20 противпожарни единици од регионот, пренесува АП.