Грабеж во банка се случил во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопската населба Капиштец.
Напаѓачот влегол во банката маскиран и вооружен со пиштол. Им се заканил на вработените, побарал да му ги дадат сите пари, по што избегал.
„Денеска (07.06.2023) околу 09.30 часот е пријавено дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.