КАТАСТАР СЕ ВАДИ ЗА ДА ГИ СКРИЕ ФУНКЦИОНЕРИТЕ СО НЕПРИЈАВЕНИ ИМОТИ Град Скопје тврди дека повеќепати барал податоци за имотите

Ја разбираме потребата на Агенцијата за Катастар да се оправдува и да наоѓа нови оправдувања со цел повторно да се обиде да ги прикрие и амнестира сите оние кои не плаќаат данок на имот, и уште поважно - оние кои го кријат својот имот, а се на високи државни функции - се вели во соопштението на Град Скопје.

851

Воопшто не сме изненадени од реакцијата на Агенцијата за Катастар, како што не сме изненадени и за причината поради која истата Агенција се обидува да изнајде најразлични нелогични причини за сè уште да ги чува сокриени податоците за сопствениците на имоти во главниот град – се вели во реакцијата на Град Скопје на претходното соопштение на Агенцијата за катастар.

Градот Скопје вели дека во неколку наврати има испратено барања за пристап до информациите за имотната состојба во градот, и на ниту едно не е одговорено.






„Точно е дека сме ургирале и преку ЗЕЛС бидејќи претходно на ниту едно наше барање не беше одговорено, ниту негативно ниту позитивно.

Ја разбираме потребата на Агенцијата за Катастар да се оправдува и да наоѓа нови оправдувања со цел повторно да се обиде да ги прикрие и амнестира сите оние кои не плаќаат данок на имот, и уште поважно – оние кои го кријат својот имот, а се на високи државни функции.

Денеска градот Скопје ќе испрати ново барање на кое се надеваме дека ќе биде позитивно одговорено. Во меѓувреме, апелираме до директорот на Агенцијата за Катастар да ја обавува функцијата професионално и да не се впушта во прозивки“ – се вели во соопштението на Град Скопје.

КАТАСТАР Ѝ БАРА НА АРСОВСКА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДАТОЦИ КОИ 4 ИНСТИТУЦИИ ГИ ДОБИВААТ БЕСПАРИ Само 25% скопјани плаќаат данок на имот, зашто Градот не знае кој имот чиј е

Поврзани содржини