НЕКОЛКУ НАСЕЛБИ И СЕЛА УТРЕ ЌЕ СЕ РАЗБУДАТ БЕЗ СТРУЈА Голем зафат на ЕВН за реконструкција на мрежата

1,483

Екипите на Електродистрибуција утре во периодот од 4:00 до 8:00 часот ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија поради што без струја ќе останат неколку скопски населби и села.

Поради реализација на овој зафат, како што информираат од ЕВН Македонија, без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од селото Волково, селата Кондово, Горно Свиларе, Долно Свиларе, Грачани, Радуша, Дворце, Копаница, Рашче, Бојане, Сарај, Глумово, Грчец, Шишево, Арнакија, Паничари, Раович, Ласкарци, Љубин, Букович и Матка, како и дел од населбите Карпош 3, Карпош 4, Влае, Хром, Момин Поток, Злокуќани, Козле, Нерези и Тафталиџе.

Поврзани содржини