К-ПОП, ГАНГНАМ СТАЈЛ И ИГРА НА ЛИГЊИТЕ Зошто јужнокорејската култура нè окупираше?

За обожавателите, вистинската причина зошто извозот на јапонската и јужнокорејската култура се зголеми е едноставна - тие се забавни!

544

Од музика и филмови, до технологија и храна, светот се вљуби во сè што е јужнокорејско. Зошто Нетфликс вложува 2,5 милијарди долари во корејските филмови годинава? Според Си-Ен-Ен, културата „К“, како во К-поп цела деценија расте и е во подем на запад. Нè поклопува корејскиот бран наречен „hallyu“.

Да, сите се сеќаваме на песната Гангнам стајл од 2012 година и сме го гледале шоуто Сквид гејм, но никој не препоставуваше дека „Истокот доаѓа“, како што вели Ентони Фунг, експерт за поп култура на кинескиот универзитет во Хонг Конг.






Статијата наведува неколку причини зошто сме окупирани: јужнокорејската мода е забавна, различна е од западната и според професорот Фунг, земјата која брои 51 милион жители, немаше доволно голем пазар за да ја одржи својата преголема забавна индустрија, па затоа мораше да оди во странство.

– Владата на Јужна Кореја ја поддржа културната експанзија на земјата, гледајќи дека таа е средство за мека моќ и начин за зајакнување на угледот на нацијата – истакнува Фунг.

Зошто наместо јужнокорејската не нè преплави кинеската култура?

Притоа Фунг смета дека вакво нешто не може да се случи со кинеската култура бидејќи пазарот таму е поголем, но и затоа што Комунистичката партија на Кина строго ги контролира медиумите. На пример, во Кина се забранети глумци со тетоважи или пак неугледни текстови. Исто така, Кина ги исмева пејачите кои изгледаат женствено.

Но, во соседна Јужна Кореја сите пејачи имаат тетоважа и личат и на машко и на женско истовремено. И додека луѓето од западот кај К-попот ги привлекува лудото танцување и чудната мода, ова потоа се одразува на западната култура.

Од Лејди Гага до Мари Кондо

Но, да се вратиме на почетокот на деценијата. Годината беше 2009, а гласниот електронски ритам на „Bad Romance“ на Лејди Гага свиреше насекаде. Луѓето во светот се спремаа да го гледаат филмот „Аватар“ и реалното шоу „Џерси Шор“.

Истовремено, растеа и јужнокорејската и јапонската култура. Десет години подоцна, во 2019 година, јапонската консултантка Мари Кондо нè научи како да диплиме алишта со нејзиниот хит на Нетфликс „Среди сè со Мари Кондо“.

Јужнокорејските поп-групи БТС и Блекпинк ни прикажаа скапи музички спотови со голем буџет, полни со акција и го урнаа Јутјуб. „Паразит“ стана првиот јужнокорејски филм кој освои Златна палма, а потоа режисерот на филмот Бонг Џун-хо се појави на „Вчерашната емисија со Џими Фалон во главната улога“ и тоа зборувајќи на корејски во поголемиот дел од интервјуто.

Најдобрите модни списанија на англиски јазик како „Вог“ и „Ел“ сега редовно објавуваат јужнокорејски производи за убавина, поддржани од актерките Дру Баримор и Ема Стоун.

 


Различноста дојде преку социјалните мрежи

Не сме веќе во времето на Покемон, Дигимон или на популарниот Џеки Чен. Сега нема само само една кунг-фу ѕвезда или едно аниме, туку голем број различни извози од Источна Азија. Истовремено, оваа култура сама по себе е различна, а нема подобро место за различното од социјалните медиуми.

– Различните платформи за социјални медиуми направија револуција на начините на кои поединците се среќаваат и консумираат поп-култура и во голема мера ги диверзифицираа правците на поп-културните текови и влијанија – вели за Си-Ен-Ен Јунг-Сан Парк, професор и координатор на азиско-пацифичките студии на Државниот универзитет во Калифорнија.

Во минатото, традиционалните медиуми како телевизијата и радио станиците го контролираа она што го гледаме и слушаме.

групата БТС, фото: твитер/принтскрин

Штом е забавен, К-попот може да биде дел од Западот

Во 2010 година, Јапонија објави дека ќе испумпа 19 милијарди јени (тогашни 237 милиони долари) во креативниот сектор во следната 2011 година за да заработи повеќе пари од креативните индустрии во земјата, како што се анимето, графичкиот дизајн, филмот и модата.

Но, за обожавателите, вистинската причина зошто извозот на јапонската и јужнокорејската култура се зголеми е едноставна – тие се забавни!

Како што рече Дејвид Ким, ко-водител на К-поп каналот „DKDKTV“ на Јутјуб, во едно неодамнешно видео на Инстаграм:

– Моето прашање е зошто (К-попот) не може да биде нешто во западната култура?

Во меѓувреме, 13,7 отсто повеќе Американци се запишале да учат корејски и јапонски јазик на факултет. Исто така, Американците сè повеќе сакаат да ја посетат Јужна Кореја.

Јужнокорејската и јапонската „окупација“ ќе продолжат

Експертите велат дека ги имаме сите аргументи да мислиме дека културниот извоз на Јапонија и Јужна Кореја ќе продолжи да има влијание во наредната деценија. Големиот знак прашалник е околу Кина.

Елфвинг-Хванг вели дека е „потешко да се замисли“ дека кинеската музичка индустрија некогаш ќе ја има истата меѓународна привлечност како К-попот.

– Но, никогаш не се знае – рече таа.

ЈУЖНА КОРЕЈА ДЕНЕС ЈА ДИКТИРА СВЕТСКАТА КУЛТУРА „Нетфликс“ ќе инвестира 2,5 милијарди долари во јужнокорејска продукција

Поврзани содржини