(ОБНОВЕНО) ТЕТОВСКИОТ ТИКТОКЕР ИЗВЕДЕН ПРЕД СУД Осумдневен притвор за анестезиологот

На видеото, докторот шета низ делот за киража во одделот за гинекологија, ги снима пациентите, зборува со персоналот и неконтролирано се смее.

2,584

Анестезиологот В.Д. (43) од село Одри кој ги снимаше и во живо на Тик-Ток ги емитување просториите и пациентите во Тетово, доцна вечерва е изведен пред судија при што е донесена одлука за осумдневен притвор по барањето на обвинителството за одредување на мерка притвор, објави тв21.






„Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

На видеото, докторот шета низ делот за киража во одделот за гинекологија, ги снима пациентите, зборува со персоналот и неконтролирано се смее.

Случајот го пријавил новинар од ТВ 21.

Веднаш по пријавата докторот беше приведен и е задржан на распит.

Осуда за инцидентот пристигна и од Лекарската Комора.

Инаку, видеото е отстрането од социјалната мрежа. ТикТок не ги зачувува видеата во живо, па сега единствен доказ е преснименото видео кое дополнително беше објавено на социјалните мрежи.

(СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО) АНЕСТЕЗИОЛОГ ВО ЖИВО НА ТИК-ТОК ГИ ПОКАЖУВАЛ ПАЦИЕНТКИТЕ ВО САЛА! Директорот на тетовската болница го пријавил, полицијата го привела лекарот

Поврзани содржини