(ГАЛЕРИЈА) ТАНЧЕРСКИТЕ ЅВЕЗДИ БЛЕСНАА СИНОЌА ВО СКОПЈЕ Вака изгледа кога светот ќе ни дојде дома
Младите танчерски ѕвезди речиси два часа ја воодушевуваа публиката со претставата „Таленти во движење“ и дочекаа стоечки овации од полната сала во Македонскиот народен театар. На публиката посебно ѝ се допадна говорот на словенечкиот танчар Кани Обенга кој се обрати на македонски јазик.
Динамичен, полн со експресија и пораки кон публиката беше синоќешниот настап на младите танчери од холандската танцова компанија Кодартс, која го отвори 19. издание на Танц фест 2023.

Младите танчерски ѕвезди речиси два часа ја воодушевуваа публиката со претставата „Таленти во движење“ и дочекаа стоечки овации од полната сала во Македонскиот народен театар. На публиката посебно ѝ се допадна говорот на словенечкиот танчар кој се обрати на македонски јазик.

Интернационалниот состав на Кодартс броеше 18 танчери на сцената, кои прикажа извонредната техника, софистицираност и експресивност.

Синоќа беа доделени и наградите „Менада“. Годинава за поддршка на современиот танц наградени се Универзитетот „Кодартс“од Ротердам Холандија и Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој во 2017 година се вдоми Катедрата за современ танц. Наградите ги примија директорот на Кодартс танцовата компанија, Кит Рандолф, и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска.
Кит Рандолф, Рисима Рисимкин и Зденка Стојановска
Интерарт културниот центар на Рисима Рисимкин 15 години соработува со Кодартс, со чија поддршка е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава.

Настапот на Кодартс танцовата компанија од Ротердам се совпадна и со 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и Македонија.
Првата соработка со Кодартс, Рисимкин ја воспоставила со Самуел Вуерстен, кој беше уметнички директор на Ротердамската академија за современ танц. Таа соработка го смени текот на историјата на современиот танц кај нас и придонесе за развој на универзитетска програма за оваа уметничка категорија, како и за формирањето на Скопје танцовиот театар, кој само за 10 години, стана извонредно познат во светски размери и минатата година гостуваше на една од најпретсижните светски сцени, во Националниот театар за современ танц „Шајо“, во Париз.