ФАТЕН НА ДЕЛО, ИТЕН ОДГОВОР НА РУСИЈА! Приведен дописникот на „Wall Street Journal“, обвинет за шпионажа
Кремљ тврди дека репортерот бил „фатен на дело“. Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека „запрела нелегални активности“ и дека репортерот „дејствувал по американски инструкции“ и „собирал државни тајни“.
Американскиот новинар Еван Гершкович, кој работи за „Wall Street Journal“ приведен е во Русија, каде е обвинет за шпионажа.
Тој работел во Екатеринбург во моментот на притворањето. Од „Wall Street Journal“ изразуваат „длабока загриженост“ за неговата безбедност и жестоко ги негираат обвинувањата против него.
Кремљ тврди дека репортерот бил „фатен на дело“. Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека „запрела нелегални активности“ и дека репортерот „дејствувал по американски инструкции“ и „собирал државни тајни“.
Неколку часа подоцна, службата за безбедност го однела во окружниот суд Лефортово во Москва, каде му бил одреден притвор со траење до 29-ти мај.
Неговиот адвокат рече дека не му било дозволено да влезе во судницата, а новинската агенција Тас објави дека новинарот го отфрлил обвинението. Руската државна новинска агенција Риа објави дека предходно од судот би евакуиран персонал и посетители поради закана за бомба.
– Не ми беше дозволено да учествувам на рочиштето и покрај тоа што мораа да го направат тоа. Се обратив до канцеларијата за кривични предмети, но ми рекоа дека го немаат овој предмет – рече Данил Берман, адвокат на Еван Гершкович.
Адвокатот рече дека припадниците на Националната гарда ги истерале новинари и адвокати надвор од судницата новинари и адвокати.
– Тие одржаа брзо рочиште. Не знам колку време траеше, можеби 3, можеби 15 минути – рече Данил Берман, адвокат на Еван Гершкович.
Тој додаде дека не може да кажам ништо бидејќи не го видел известувањето за обвиненијата против новинарот.