КИЕВ И МОСКВА РАЗМЕНИЈА НАПАДИ Украински дронови го нападнаа Крим, а руските целеа на објекти во Киев
Украинските власти, пак, информираа дека 3 лица загинаа, а уште 7 се ранети во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киев.
Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ.
„Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол. Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари пукаа кон нив од малокалибарско оружје, во функција беше и ПВО“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија.
Украинските власти, пак, информираа дека 3 лица загинаа, а уште 7 се ранети во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киев.
Регионалната воена управа на Киев на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите се уште работат на местото на нападот.
Украинската војска соопшти дека соборила 16 од 21 беспилотно летало од иранско производство, лансирани во Украина во текот на ноќта од Русија.