ТИЕ РАБОТЕЛЕ ЦЕЛО ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Груби е убеден дека планот ќе успее

„Сите знаеме каква беше лојалноста во минатиот парламентарен состав“, изјави Губи за Телма, алудирајќи на усвојувањето на  ВМРО-ДПМНЕ.

3,186

„Работиме не само да се обезбедат 8 пратеници, туку ние работиме цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени“, изјави Артан Груби од ДУИ синоќа во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма.

„Не само што сум оптимист, туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики, но знаете дека до сега се што сме кажале се реализирало“, рече тој.






Во врска со одрекувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, Груби рече тој не е пратеник.

– Сите знаеме каква беше лојалноста во минатиот парламентарен состав – додаде Груби, алудирајќи на усвојувањето на Преспанскиот договор со помош на гласови на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини