КАКО Е КУПЕН ХОТЕЛОТ НА „ГРАНИТ“ НА ПОПОВА ШАПКА ЗА 55.000 ЕВРА? Опозицијата бара Обвинителството да отвори истрага

Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена? Која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

565

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да постапи за случајот што неодамна го отвори „Фокус“, кој тврди дека фирма за осветлување со еден вработен го купила хотелот на Попова Шапка од АД „Гранит“ за 55.000 евра. Оваа купопродажба се случила непосредно пред градежната компанија да склучи втор договор со ЈП за државни патишта вреден повеќе од 11 милиони евра за трасата од 2 километри од автопатската делница кон Блаце.

„Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278 квадратни метри на фирма блиска до Артан Груби. Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра.






Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена? Која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра? Дали продажбата е услов за потпишување на договор на власта со таа градежна фирма и дали станува збор за рекет? ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини