ПОЧИНА ЧОВЕК ПРЕД БАНКА ВО АЕРОДРОМ Граѓаните повикаа полиција и Итна помош

Фотографии од немилиот настан беа споделени на Фејсбук.

1,403

Средовечен човек ненадејно почина пред експозитура на банка во скопската населба Аеродром, пред очите на случајни минувачи, а фотографии од немилиот настан беа споделени на Фејсбук.

Граѓаните повикале Итна медицинска помош и полиција, и преку социјалните мрежи се обидоа да дознаат нешто повеќе за човекот, но безуспешно. Засега нема информации за причината за смртта на средовечниот човек, кој по сè изгледа чекал на ред за да заврши некоја работа во банката.






МВР подоцна соопшти дека полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66) и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на семејството за погреб.

Поврзани содржини