НОВ ЦРН БИЛАНС ВО ТУРЦИЈА Најмалку тројца мртви, 213 повредени во последните земјотреси
Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 5,8 степени, а потоа уште два земјотреси со јачина од 5,2 степени.
Покрај во Турција, повредени има и во Сирија. Групата за цивилна одбрана „Бели шлемови“ соопшти дека повеќе од 100 луѓе се повредени во делот на Сирија, како и дека се уриваат згради и владее голема паника.
По разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, турските власти регистрираа повеќе од 6.000 афтершокови, но денешните земјотреси се почувствувале многу посилно од претходните.
Денешните земјотресисе почувствувале и во Либан и Палестина, како и во турски покраини оддалечени 200 километри од епицентарот.