ЗАСТРАШУВАЧКИ БИЛАНС ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРКИЈЕ И СИРИЈА Досега од урнатините се извлечени 28.000 жртви

На терен се и голем број стручни лица кои ги проверуваат објектите и нивната сигурност. Во објектите кои се без оштетувања и кои се безбедни, по извршените проверки, на жителите ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.

811

Бројот на загинати во земјотресот во Туркије и Сирија се искачи на 28.000.

-Досега во Турција загинати се 24.617 лица. Се работи нанивна идентификација и погребување. Воедно стручните тимови и надлежните институции им пружаат психолошка поддршка на семејствата на жртвите, изјави вечерва турскиот потпретседател Фуат Откај.






Тој посочи дека  е во тек евакуација на лицата кои ги загубија своите домови. Бесплатни авиолетови на Туркиш ерлајнс ги пренесуваат до своите роднини во други градови или во поставените засолништа.

На терен се и голем број стручни лица кои ги проверуваат објектите и нивната сигурност. Во објектите кои се без оштетувања и кои се безбедни, по извршените проверки, на жителите ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.

Во градовите погодени од земјотресот уапсено се 131 лице, а надлежните органи работат на овие случаи.

Претходно Гардијан објави дека во Сирија загинале 3.553 лица.

Поврзани содржини