ПРИВАТНИЦИТЕ В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ЈСП Компанијата им префрлила само 5.000 денари

Како што објави телевизија Телма, тие ќе протестираат пред управната зграда на компанија и ќе си ги бараат парите, бидејќи, како што велат, им префрлиле само 5.000 денари.

520

Приватните автобуски превозници во понеделник најавуваат протест пред седиштето на ЈСП Скопје во Автокоманда.

Како што објави телевизија Телма, тие ќе протестираат пред управната зграда на компанија и ќе си ги бараат парите, бидејќи, како што велат, им префрлиле само 5.000 денари.






Сопствениците на приватни автобуси со денови протестираа пред Град Скопје во декември минатата година, но ја отстранија блокадата со цел да им дадат шанса на преговорите.

И премиерот Димитар Ковачевски тогаш рече дека е подготвен за разговор за изнаоѓање на решение за проблемот на приватните превозници, но не под закани, уцени и притисоци.

Поврзани содржини