ВАГНЕРОВЕЦОТ ШТО ИЗБЕГА ДОБИ АЗИЛ ВО НОРВЕШКА Младиот Медведев ги слушал руските кучиња трчајќи кон северната шума

Околу 2 часот по полноќ по локално време, вели Медведев, тој конечно ја преплетел бодликавата жица што ја чувала норвешката граница додека руските чувари се приближувале. Додека се качувал, вели дека слушал кучиња зад него. Истовремено, тој тврди дека рефлекторите од стражарските кули го осветлиле, а свиреж од руски куршуми протатнил покрај него.

1,194

Норвешките власти денеска објавија дека ослободиле поранешен висок член на руската приватна воена компанија „Вагнер”, кој побарал статус на бегалец откако илегално влегол во земјата. Тој е прв бегалец од „Вагнер“, а поминал низ пекол за да стигне до другата страна на границата.

– Андреј Медведев беше ослободен затоа што „веќе нема причини за неговото приведување – рече припадникот на норвешката имиграциска полиција, Јон Андреас Јохансен.






Додека 26-годишникотт трчал кон руско-норвешката граница, тој тврди дека можел да го слушне звукот на кучиња-напаѓачи што рикаат зад него. Нивното пристигнување, вели тој, значело дека луѓето што го ловеле се доближувале. Но, границата – и западниот свет – биле на дофат, пишува Би-Би-Си.

Околу 2 часот по полноќ по локално време, вели Медведев, тој конечно ја преплетел бодликавата жица што ја чувала норвешката граница додека руските чувари се приближувале. Додека се качувал, вели дека слушал кучиња зад него. Истовремено, тој тврди дека рефлекторите од стражарските кули го осветлиле, а свиреж од руски куршуми протатнил покрај него.

Откако се проби покрај жицата, Медведев истрчал кон норвешката шума. Движејќи се низ шумата, Медведев вели дека видел светла од мала населба во далечината – околу два километри. Истрчал кон светлината.

Премногу се плашел да погледне зад него, вели тој, исплашен дека кучињата што го гонеле, исто така, поминале низ оградата. Тропнал на првата врата до која дошол. Откако на лош англиски ги замолил луѓето да повикаат полиција, тој бил приведен од норвешките граничари.

Адвокатот на Медведев во Норвешка, Бринјулф Риснес, изјави за Би-Би-Си дека Медведев бил сведок на мноштво воени злосторства – вклучително и гледање „дезертери како бидуваат егзекутирани“ од службата за внатрешна безбедност на Вагнер групата. Тој бил командант во Донбас и бил снабдуван со 30-40 војници неделно, од кои многумина затвореници.

Во ноември 2022 година, на Медведев му било речено дека и покрај завршувањето на неговиот четиримесечен договор, групата одлучила еднострано да ја продолжи неговата услуга. Било нејасно на колку долго време.

Се чини дека ова била последната капка што ја прелила чашата за Медведев.

На регрутите на Вагнер, наводно, им се плаќа околу 10.000 долари месечно, многу повеќе од стандардната руска плата.

Поврзани содржини