ПАРИС ХИЛТОН СТАНА МАЈКА Богатата наследничка доби син (ФОТО)

Парис среќната вест ја сподели така што објави фотографија од синот на Инстаграм.

772

Наследничката на луксузниот синџир хотели Парис Хилтон стана мајка. Таа среќната вест ја сподели така што објави фотографија од синот на Инстаграм.

Парис го доби синот со инвеститорот Картер Реум преку сурогат-мајка.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„Отсекогаш сакав да бидам мајка и мило ми е што Картер и јас се најдовме“, изјави новопечената мајка за магазинот „Пипл“ по објавата на Инстаграм.

„Веќе си толку сакан, неописливо“, напишала Парис покрај фотографијата.

Парис во интервју минатиот месец откри дека таа и нејзиниот сопруг се обиделе да станат родители преку ин витро-оплодување,во текот на пандемијата на коронавирусот, но дека обидот бил неуспешен по што се одлучиле за сурогат-мајка.

Парис и Картер се во брак од 2021 година.

Поврзани содржини