ЛИЗА МАРИ ПРИСЛИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАНА ПОКРАЈ СИНОТ Ќерка ѝ објави трогателна фотографија (ФОТО)
Пејачката и текстописец Лиза Мари Присли ќе биде погребана во градината за медитација на имотот „Грејсленд“.
Пејачката и текстописец Лиза Мари Присли ќе биде погребана во градината за медитација на имотот „Грејсленд“ – кој стана светилиште за обожавателите на Елвис од неговата смрт во 1977 година – во Мемфис, Тенеси.
View this post on Instagram
Таа ќе биде погребана покрај нејзиниот син Бенџамин Ки, кој си го одзеде животот во 2020 година на 27-годишна возраст.
View this post on Instagram
Таткото на Лиза, кралот на рокенролот Елвис Присли, како и баба ѝ и дедо ѝ, Гледис и Вернон, се исто така погребани во градината на „Грејсленд“.
Актерката Рајли Кеоу (33) објави трогателна фотографија од детството на која позира со нејзината мајка Лиза Мари Присли, која почина пред една недела на 54-годишна возраст, откако доживеа срцев удар.
На црно-белата фотографија, Рајли ја гледа мајка си со восхит, а таа ѝ возвраќа со блага насмевка на лицето. Најстарото дете на починатата Лиза Мари ја опишало фотографијата со едно црвено срце.
View this post on Instagram
Ова е првпат Рајли да се огласи по смртта на нејзината мајка, која почина во болница минатата недела, откако доживеа два срцеви застои.
ФОТО: Инстаграм