ПОВТОРНО ЗАПЛОВИ ЗАГЛАВЕНИОТ БРОД ВО СУЕЦ 65.000 тони пченка за Кина ќе стигнат, причината за насукувањето непозната

Официјалните лица немаат детали за тоа што го натерало бродот долг 225 метри да се насука.

291

Повторно заплови товарниот брод кој во понеделникот се насука во Суецкиот канал во Египет , информираше фирмата за услуги на каналот Leth Agencies. Според компанијата соопшти Управата за Суецки Канал (SCA) го спасила бродот „MV Glory“ кој заглави од засега непознати причина во близина на градот Ел Кантара во покраината Исмаилија, пишува ДојчеВеле.

Се вели дека треба да се очекуваат само мали доцнења со другиот сообраќај.






Официјалните лица немаат детали за тоа што го натерало бродот долг 225 метри да се насука. Бродот носеше 65.000 тони пченка од Украина со крајна дестинација Кина. На него се вееше знамето на Маршалските острови.

 

Поврзани содржини