СКОПСКАТА ИТНА ПОМОШ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Околу 100 интервенции во текот на најлудата ноќ
Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирале и за шест сообраќајки.
Теренската Служба за итна медицинска помош во Скопје во изминатото деноноќе имала околу 100 интервенци, од кои 40 од прв степен на итност, а имало и многу јавувања од родители како да постапуваат со децата кои им биле во алкохолизирана состојба, изјави за МИА Милица Бубало, раководителка на Службата за итна помош.
Околу 20 интервенции на итната помош биле за алкохолизирани лица, четири до пет за лица од физички пресметки, кои биле пренесени во некои од ургентните центри, а се интервенирало и за шест сообраќајки.
Родителите кои се се обратиле во Службата за итна помош за деца во алкохолизирана состојба добиле совети.