ВО КИЕВ ПАДНА ДРОН СО ПОРАКА „СРЕЌНА НОВА ГОДИНА” Бројни експлозии се слушнаа ширум Украина

Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци.

479

На дрон што синоќа го погодил Киев, наводно пишувало „Среќна Нова година”, објави Киев пост, пренесувајќи фотографии од началникот на киевската полиција.

Бројни експлозии се слушнаа во Киев и други места ширум Украина, а сирените за воздушни напади завиваа низ целата земја во првите неколку часа по полноќ на Нова година. Парчиња од проектили уништени од украинските системи за противвоздушна одбрана оштетија автомобил во центарот на главниот град, но нема повредени или жртви, информираше градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.






Градската воена управа на Киев соопшти дека се уништени 23 „воздушни објекти” лансирани од Русија. Нападите уследија неколку минути по новогодишната порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој и посака победа на својата земја во војната која трае веќе 11 месеци.

 

Поврзани содржини