ХРВАТСКАТА КУНА ОДИ ВО ИСТОРИЈАТА Од 1 јануари се воведува еврото

Најавено е дека во процесот на замена на куната со евро ќе бидат уништени повеќе од 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони монети.

94

Хрватска од Нова година преминува на евро. Најавено е дека во процесот на замена на куната со евро ќе бидат уништени повеќе од 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони монети.

Повлекувањето на вишоци од куни почна во септември годинава, по туристичката сезона и ќе продолжи постепено. Рокот за размена на хартиени банкноти е неограничен, додека рокот за размена на монети е три години.






Поради негативното влијание врз животната средина, односно мешањето на бојата на банкнотите и заштитните елементи, заменетите банкноти повеќе не се палат, туку се сечат на парчиња помали од еден милиметар и оваа маса се користи како изолација во јавните градежни работи.

Куните како хартиени и метални пари и липите како монети во апоени помали од една куна беа воведени во Хрватска на 30 мај 1994 година.

Поврзани содржини