ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ СЕ ЛАЖНИ Од МВР потврдија дека ги завршиле проверките и нема експлозивни направи

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

82

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо информираа дека откако се завршени проверките на пријавените локации утврдено е дека се лажни дојавите за поставени бомби во молот „Ист Гејт”, хотелите „Мериот” и „Сенигалија”, салата „Борис Трајковски” и во дел од училиштата.

Претходно од МВР нѐ информираа дека е завршена проверката на Меѓународниот Аеродром во Скопје, дел од училиштата, хотелот „Александар Палас“ и зградата на Фудбалската федерација на Македонија






Инаку утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас”, „Мериот” и „Сенигалија”, трговскиот центар „Ист Гејт”, спортска сала „Борис Трајковски” и Меѓународниот аеродром „Скопје” беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

МВР ГИ ПОТВРДИ ДОЈАВИТЕ „Палас“, „Мериот“, 15 училишта во Скопје и во Битола, Ист Гејт, ФФМ и Аеродромот

ЛЕТОВИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖАНИ, НО Е ЗАПРЕН СООБРАЌАЈОТ Од ТАВ Македонија информираа дека сите присутни се безбедно евакуирани од аеродромот

ДЕЧИЊАТА БЕЗБЕДНО СЕ ЗГРИЖУВААТ 8 училишта во Гази Баба добиле дојави за бомби, Стефковски на терен

ДОЈАВИТЕ СЕ ЛАЖНИ, ПРОВЕРКИТЕ УШТЕ ТРААТ Патниците се вратија на скопскиот аеродром

Поврзани содржини