ДЕНЕШНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ БИЛЕ ЛАЖНИ Полицијата извршила евакуации и проверки
Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.
Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.
– Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информишре МВР утрово.
Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.