ДА ЗАПРЕ ИЗЖИВУВАЊЕТО ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Протест во Кочани поради суспендирање на четворица полициски службеници

416

Независниот синдикат на полицијата денеска организираше протест пред Одделението за внатрешни работи во Кочани поради суспендирање на четворица полициски службеници, од кој упати барање до началникот на кочанската полиција и до МВР да ги преиспитаат причините за изречените казни и поднесените кривични пријави против полицајците, кои се обвинети за злоупотреба на службената должност и овластувањата.

– Работата е многу сериозна, затоа што четири лица ќе си заминат, не само од Македонија, туку и од Балканот, па и пасошите ги кинат. Тие добија четири суспензии, неосновано, без да се помине процедурата и постапката што е предвидена во МВР, без согласност на одредени лица кои требало да ги поминат насоките што ги дал началникот на ОВР – Кочани. Министерот за внатрешни работи потпишал решенија за суспензиите и треба да каже кои се причините за тоа – истакна Гоце Делчев Тодев, престедател на Независниот синдикат на полицијата.






Од протестот порачаа дека тие се подготвени за разговори и преговори и побараа веднаш да запре изжувувањето врз полицајците.

Поврзани содржини