НЕ Е ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР Алити од Алтернатива тврди дека власта не преговара со Алијанса за Албанците
Дури и за месец дена да треба да дојде нов министер, ние ќе се обидеме до последен ден работата да ја извршуваме најпрофесионално што можеме, порача министерот за информатичко општество Адмирим Алити од редовите на Алтернатива.
Немаме разговори со Алијанса за Албанците. Сите дискусии кои се водат се шпекулации, а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Важно е реформите да течат, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој е дел од владиниот кабинет од редовите на Алтернатива, одговорајќи на новинарско прашање дали за нив е прифатлив влезот на Алијанса за Албанците во Владата и дали се водат разговори за поделба на ресори.
Алити напомена дека сите вести и дискусии поврзани со оваа тема се шпекулации. Како што рече, важно е реформите да течат, дури и на неговото место да треба да дојде нов министер.
– Сите овие вести и дискусии сега за сега се шпекулации, но јас и МИОА не се занимаваме со тоа. Дури и за месец дена да треба да дојде нов министер, ние ќе се обидеме до последен ден работата да ја извршуваме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат, односно да одиме напред – изјави Алити пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.