ЕДНА Е МАЈКА! Скопјанец си ја истепал девојката, па си добил ќотек
Скопјанецот пријавил дека околу 13.30 часот на паркинг на подрачје на Чаир бил физички нападнат од У.С., мајка на неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Во неделата во 17.50 часот во Полициската станица Чаир, 26-годишна скопјанка пријавила дека околу 13.00 часот на паркинг на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиното момче В.Т.(36) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„В.Т. подоцна пријавил дека околу 13.30 часот на паркинг на подрачје на Чаир бил физички нападнат од У.С., мајка на неговата девојка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.