САД И ЕУ НА РАБ НА ЕКОНОМСКА ВОЈНА! Бајден со еден потег го изигра Брисел
Според мислењето на извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис, во американското законодавство има низа неправедни одредби кои го прекршуваат меѓународното право.
Европа и САД се најдоа на работ на трговска војна поради одбивањето на Вашингтон да им дозволи на европските производители да учествуваат во програмата за борба против климатските промени, пишува „Spiegel“.
– САД ветија дека ќе инвестираат милијарди во „зелени“ технологии, притоа провоцирајќи ги Европејците. Нацрт-законот со повеќе милијарди субвенции за борба против климатските промени беше одобрен од американскиот Конгрес летово, на предлог на Бајден. Меѓутоа, Европејците дури сега сфатија дека субвенции ќе добијат само оние кои се занимаваат со производство во Америка – се наведува во написот.
Авторот на написот посочи дека протекционистичките мерки на САД може да доведат до економска војна со Европската унија.
Според мислењето на извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис, во американското законодавство има низа неправедни одредби кои го прекршуваат меѓународното право.
– Европејците мора да инсистираат во овој процес да се почитуваат пропишаните правила за меѓународна трговија. Ќе бидеме цврсти по ова прашање – рече Домбровскис во коментар за публикацијата.
Истовремено, тој нагласи дека овој развој на настаните не е сосема неочекуван за Европа и го повика Вашингтон да преговара.
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во август одобри пакет иницијативи насочени кон намалување на инфлацијата во земјата, што подразбира распределба на средства во износ од 430 милијарди долари. Голем дел од овие средства се наменети за климатски програми.