СЛУЧАЈНО СЕ НАЈДОВМЕ НА ВРВОТ НА ПЛАНИНАТА Абази ги објаснува фотографиите со функционери на ДУИ
Тука сме се нашле ние случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика, изјави Абази за фотографиите со функционери на ДУИ кои протекоа во јавноста.
Ловот, планинарењето и свадбите во Зајас, случајно го ставиле новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал во ист кадар со функционери на ДУИ. Вака Абази ги објаснува фотографиите кои излегоа во јавноста по неговиот избор. Тој вели дека не му е проблем да ги гони луѓето што ги сретнува за време на своето хоби, пишува Телма.
– Во периоди на викенди, одмори, излегувам и планинарам. Хоби ми се ловот и планинарењето. Во тие делови јас сум се сретнал со луѓе и сум се поздравил. Да се качиш на еден врв, тоа е еден врв во Република Северна Македонија, е радост и се практикуваат слики да го обележиш тој настан за искачување на врв. Тука сме се нашле ние случајно. Мојата мајка потекнува од Гостивар и си имале познанство. Се сретнавме тука и ништо повеќе од тоа. Во однос на другите фотографии, како што кажав, потекнуваме од Зајас. Зајас е село и се случува заедно да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. Во тие средби никогаш не зборуваме ниту за предмети ниту за политика – изјави Абази.
