ПРЕДЛОЖИЈА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК, ПА СЕ ПОВЛЕКОА Нема да има промена на критериумите

 Измените на законот предвидуваа нови критериуми за пријавување, според кои правото на субвенциониран оброк  го губат студенти кои земаат стипендии, апсолвентите и студентите , чии примиња во семејството ја надминуваа минималната плата од 18.200 денари.

243

Пратениците од владеачкото мнозинство кои предложија измени на законот за субвенциониран оброк, го повлекоа по реакциите на студентите и јавноста.

Измените на законот предвидуваа нови критериуми за пријавување, според кои правото на субвенциониран оброк  го губат студенти кои земаат стипендии, апсолвентите и студентите , чии примиња во семејството ја надминуваа минималната плата од 18.200 денари.






Беше предвидено и зголемување на дневната субвенција од 120 на 140 денари за студентски оброк кои ќе се користат само за купување оброк. Предвидено беше и дасе  склучени договори со угостителски објекти кои на студентите ќе им нудат оброци за 30 отсто пониски цени.

Против новите критериуми реагираа од Универзитетското студентско собрание при УКИМ, со објаснување дека се крати бројот на студентите кои можат да аплицираат за здрав оброк како и  студентите од Факултет за медицински науки од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип,бидејќи сметаат дека измените се дискриминирачки.

Револтирани студенти од „Студентски отпор“, бараат сите студенти во земјава да бидат иземени од мерките за штедење, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 140 денари.

-Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард – велат од „Студентски отпор“ кој најави протести пред Собрание в понеделник.

 

 

Поврзани содржини