Македонци, миротворци, чудотворци

И таму, среде Софија и тој Меѓународен форум, „госпожа“ Јотова – која така милно ја пречекавме за задушница на бугарските окупаторски гробишта од Големата војна – мафта со прстето и се заканува дека „Ние се спротивставуваме на сите обиди да се менува нашата историја“, и дека е „недозволиво денес историјата да биде менувана, преправана, служејќи им на геополитичките интереси“! Никој друг туку таа, никој друг туку Бугарија!? И упорно се повикува на некакво „културно наследство на сите нас, словенски народи“ (sic!).

663

Можеби ќе се најде некој одважен Македонец кој ќе праша зошто нема од Македонија ниту еден славист или научник што се занимава со кирилометодиевската традиција на Меѓународниот форум за кирилицата што започна на 07 ноември во Софија? Можеби тоа ќе биде токму министерот за надворешни работи – по функција, се разбира, но и како „чувар на македонскиот јазик“ – или можеби „претседателот“ на државата? Зашто, неговиот бугарски „пандан“ Радев, се обратил на тој форум со видеопорака прогласувајќи ги Бугарите за „чувари на кирилицата“, но не заборавајќи да додаде и дека „Не можеме да зборуваме за кирилица без да се земе предвид придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, кон бугарските владетели и свештеници, кои како своја мисија прифатија да бидат покровители на нашата азбука“. Не можеше ли – или не смееше? – и Пендаровски нешто да каже?

И дали сето ова е уште еден актуелен придонес на македонската миротворност на онаа „Историска комисија за лустрација“ и на наследството на познатиот чудотворец што ја инсталираше како маша за некои апсурдни лично-групни агенди? Зашто, што друго би можело да биде? Или е можеби некаков новоосмислен израз на познатото добрососедство, така здушно пригрлено и негувано од наша страна, иако нема наш човек на тој форум, но има научници од Бугарија, Грција, Србија, Австрија, Литванија (sic!), Италија, Полска, Белгија, Германија…? А можеби ние и не знаеме дека не се служиме повеќе со кирилицата, па ни со македонскиот јазик, ако баш сакате, туку веќе сме ги усвоиле европските стандарди и „лафиме“ на – англиски?! Или на блгарски? Дали оваа „операција“ на сегашнава власт, како нејзино новогодишно изненадување, е наредниот чекор во нашата тажна приказна? А и зошто да не биде, мислите дека некој ќе се побуни?






И таму, среде Софија и тој Меѓународен форум, „госпожа“ Јотова – која така милно ја пречекавме за задушница на бугарските окупаторски гробишта од Големата војна – мафта со прстето и се заканува дека „Ние се спротивставуваме на сите обиди да се менува нашата историја“, и дека е „недозволиво денес историјата да биде менувана, преправана, служејќи им на геополитичките интереси“! Никој друг туку таа, никој друг туку Бугарија!? И упорно се повикува на некакво „културно наследство на сите нас, словенски народи“ (sic!).

Се разбира, тивкото – да не речам подмолното – окупирање (и) на словенството од страна на нашиот источен сосед не е „менување, преправање“ на историјата. Тоа кај нас не смее да се каже бидејќи би било израз на недобрососедство, дури говор на омраза. Но, ако е така, за некоја идна историја, секако, не за сегашноста, останува отворено прашањето: од каде тие пристигнаа на Балканот, паднале ли Бугарите од небото на тогашната територија на Мезија, Скитија, дел од Тракија и Македонија, или номадизираа односно транзитираа од Понтско-касписките степи кон Балканот? Ама Словените веќе биле овде, нели?! И на кој јазик „лафеа“, на прото-словенскиот?

Но ние, се разбира, можеме, баш онака македонски, миротворно и чудотворно, да се откажеме и од светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици и да им ги препуштиме на Бугарите. Можеме миротворно да се откажеме и од словенството и чудотворно да станеме Ескими. Зошто да не? Тоа, во наше име, може лесно да го направи спомнатата Историска комисија за лустрација, или оној чуварон на македонскиот јазик и панданот му за евроинтеграции тајно да прифатат уште некој нов протокол каде што и тоа ќе се озваничи. И впрочем, чуму ни се нам тие цивилизациски „амбле“ на словенството, кога не умееме да ги чуваме, почитуваме, славиме…? Та зарем чудотворно не се откажавме од вековното име, признаено од 180 држави и трите најголеми светски сили САД, Русија и Кина?

Но како да се откажеме од нашиве провинциски чудотворци од форматот на оној Иван исцелител, кои со еден потег на раката бришат и допишуваат истории, газат врз наследство и културни стратуми, уриваат вековни традиции во името на некаков „прогрес“ што влече назад, во идентитетски бездни? Не можеме, никако, зашто се опкружени од тајфи арамолебци, неработници, некадарници…, за кои „чудотворциве“ се единствнеиот извор на приход.

Меѓутоа, нашите „чуда“ не завршуваат тука. Ние како израз на добрососедство и миротворство ги сметаме и зборовите на Радев дека „Тргнувајќи од бугарските земји азбуката осветлува многу поширок духовен простор и обединува стотици милиони луѓе. Кирилската азбука, нашиот најдрагоцен подарок на човечката цивилизација, поставува мостови и поврзува светови“. Можеби некој од чудотворциве ќе предложи и овие зборови да бидат врежани на славната ни Триумфална порта, заедно со „говорот“ на криминалецон од Будимпешта? Или тие си чуваат место за некои нивни „лафови“?

Нема кај нас кој да одговори и на другите „бисери“ од овој Форум, оние од типот на министерот за култура на Бугарија Велислав Минеков кој длабоко верува „(…) во бугарскиот гениј“, или на италијанскиот професор д-р Giorgio Ziffer кој така одлесно го прогласува Црноризец Храбар за бугарски свештеник и учен, не спомнувајќи дури ни една дилема за тоа кој се крие зад тоа име итн. Нема кај нас кој да се замисли над овие нешта, да крене барем веѓа ако не глас. Тие се миротворци и чудотворци само за по дома, за светот сме ништо повеќе од аналфабетски отпад од некогаш големи култури!

Или ние навистина веруваме – или сакаме да го убедиме народот – дека сме „тиха река брег рони“, дека нашето „миротворство“ и „чудотврство“ ќе ни донесат некаква космичка правда викана ЕУ, резервирана за маченици? И не гледаме ли дека со „брегот“ ни се рони и државата, јазикот, културата… Ама, тоа се дребулии во споредба со нашите евроинтегративни амбиции, нели?

Поврзани содржини