ДРАМА ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Тепачка меѓу две колешки вработени во „Мајка Тереза“
Од СВР Скопје додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден скопјанката С.М. пријавила дека околу пладне била нападната физички од нејзината колешка В.М.
– На 07.11.2022 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, С.М.(47) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во една од клиниките во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од нејзината колешка В.М. – стои во соопштението од СВР Скопје.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.